Со методологијата 80-20 до здраво и трајно слабеење
Јас сум Нада, личен тренер и ментор, и тука сум за да ти покажам дека слабеењето не мора да биде тешко, скапо или краткотрајно. Мојата мисија е да ги едуцирам моите девојки како да создадат здрави навики и да го подобрат целокупното здравје преку одржлив и проверен начин.
Напомена! Овие резултати се од клиенти кои го следат секој чекор и многу брзо применуваат се што е дадено како насока! Затоа немој да се обезхрабруваш, туку погледни што се и ти можеш да постигнеш со правилна методологија, тренинг исхрана и поддршка!

Мојата филозофија: Правилото 80-20%
Овој принцип подразбира балансирана исхрана каде 80% од времето консумираме здрава, нутритивна храна, додека 20% го оставаме за мали задоволства. На овој начин, го елиминираме чувството на рестрикција, што е клучно за долгорочен успех. Затоа јас ништо не забранувам, туку доаѓаме до степен каде веќе таа потреба за благо и мрсна храна ја немаме, а зошто? Затоа што сме ги средиле емоциите и девојките повеќе се сакаат себе, па сфаќаат дека нема потреба од самоуништување. А за тоа се битни редовните оброци кои ги имаш подоле во овој документ.
Сега прво да видам дали ги имаш истите мисли и проблеми како и они: